Русковска: Имаме докази за извршено кривично дело трговија со дрога
Полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и во Сингелиќ за приведување на криминална група, која што се занимава со трговија на дрога. Приведени се 21 лице, пронајдени се и запленети пари, дрога и автомобили. Акцијата е координирана и водена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во соработка со МВР, а вклучени се и специјалните полициски сили...

Имаме докази за приведените лица дека сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“ изјави обвинителката Вилма Русковска.
Од страв дека акцијата може да биде пробиена, претходно не е спроведена финансиска истрага, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага, најави Русковска.
Обвинителката додаде дека засега нема осомничени полициски службеници, но откако ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони и доколку се најде комуникација со нив, сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица.
Повеќе детали за денешната полициска акција ќе бидат соопштени на утрешната прес-конференција, рече Русковска.
