МВР

Приведени две лица во Тетово при купопродажба на хероин

25.03.2021 14:18

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Денеска 25 март околу 10.30 часот на улица „Боро Вулиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Д.(48) од Тетово и Р.Н.(48) од тетовско Јажинце. При извршен преглед кај нив бил пронајден хероин, кој О.Д. му го продавал на Р.Н..

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.