Запленета дрога

Во голема полициска акција приведени над 20 лица

25.03.2021 14:35

На акцијата и претходела едногодишна примена на посебни истражни мерки, а од понеделник ќе следува и финансиска истрага, велат од обвинителството...

Голема полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Ченто за сузбивање трговија со наркотици. Уапсени се 20-тина луѓе, запленети се дрога, пари, автомобили, мобилни телефони. Акцијата е координирана од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а вклучени се специјалните полициски сили.

Во акцијата се приведени 20-тина лица, а по останатите се трага. Пред да бидат изведени пред судија на претходна постапка, лицата беа приведени во повеќе полициски станици низ Скопје, меѓу кои и во Карпош.

На акцијата и претходела едногодишна примена на посебни истражни мерки, а од понеделник ќе следува и финансиска истрага, велат од обвинителството.

Обвинителката Русковска информира дека засега нема осомничени полицајци што соработувале со групата, но не ја исклучува и таа можност, а повеќе детали ќе се знаат по вештачењата на телефоните.

 

Марија Котовска