Вакцините на „Астразенека“ нема да стигнат до крајот на месецов
Одлуката на Индија да забрани извоз на вакцните „Астразенека“ според здравствените власти нема да влијае на договорот со Ковакс механизмот, но до крајот на месецов нема ниту да ги добиеме дозите …

Одлуката на Индија да го забрани извозот на вакцините „Астразенека“ што таму се произведуваат ги загрижи земјите кои чекаат дози преку Ковакс механизмот. Њу Делхи ја правда одлуката со големиот број заразени во Индија и потребата од имунизација на тамошното население. Сепак, нашите власт тврдат дека тоа нема влијае на нашата држава и на договорот што го имаме со Ковакс механизмот. Сепак, дози од овој производител месецов и дефитивно нема да добиеме.
„Немаме добиено најава за одложување од нивна страна и тоа што минатата недела го добивме како информација од Ковакс системот е дека за од прилика 2-3 недели се очекува да ја добиеме првата количина на вакцини кои ќе бидат Астразенека“, велат од Министерството за здравство.
Меѓународната алијанса за вакцини Гави, пак известува дека одлуката на Индија ќе има влијание врз 190 земји, кои ја очекуваат вакцина од „Астразенека“.
„Испораките ќе се одложат бидејќи не се добиени лиценци за извоз за дополнителни дози на вакцини произведени од индискиот институт серум (Сии) и кои требаше да бидат испратени во март и април. Доцнењето во издавањето на лиценците за извоз се должи на зголемената побарувачка за вакцини во Индија, каде се доцни со програмата за вакцинација и расте бројот на заразени“, соопштија од Гави.
Од министерството тврдат дека наскро доаѓа втората пратка од руски Спутник, а откриват и дека е во завршна фаза транспортот на кинеските ваквини, кои ги очекуваме во април, за Фајзер нема нови моменти.
Вакцини преку Ковакс механизмот веќе ги добија дел од земјите од регионот, како Албанија и Босна и Херцеговина, а следната недела ќе стигнат и во Црна Гора. Еврокомесарот за проширување на Европската унија, вели дека остануваат посветени на Западен Балкан.
„Како што знаете, нашиот сегашен фокус е да обезбедиме вакцини во регионот што е можно поскоро, ова се покажува потешко отколку што се надевавме, но јас сум многу задоволен што механизмот Ковакс, во кој ЕУ е меѓу најголемите соработници, сега ги доставува првите дози на вакцини за Западен Балкан“, изјави Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.
Во меѓувреме бројот на заболени и починати секојдневно се зголемува, во последното деноноќие во главниот град хоспитализирани се 81 пациент, на инфективните одделенија се лекуваат 1448 пациенти, има околу 270 слободни места.
Засега нема нови мерки кои би придонеле за забавување на ширењето на заразата, освен полицискиот час од 22 до 05 часот.
Андријана Атанасовска
