Обвинение заради непочитување на здравствените прописи

25.03.2021 15:15

Обвинетите на 24.3.2021 година во 23:40 часот со автомобил се движеле по автопат Е-75, при што кај наплатната станица Виничани...

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд- Велес поднесе Обвинителен предлог против 5 лица – косовски државјани за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 24.3.2021 година во 23:40 часот со автомобил се движеле по автопат Е-75, при што кај наплатната станица Виничани се сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес.​​