Власта и опозицијата најдоа решение за деблокада на законите од петтиот пакет
Мнозинството и опозицијата конечно најдоа заеднички јазик. На седница за гласање во скратена постапка ќе се најдат само законите за економските мерки и за продолжување на кризната состојба на границите. Алијанса и Алтернатива токмат амандмани...

Попушти собранискиот политички клинч. Власта и опозицијата на координација по низа расправии се договорија да се разгледаат само трите точки од петтиот пакет економски мерки и четвртата, која се однесува на продолжување на кризната состојба на северната и на јужната граница.
Сѐ до координацијата, тензично во пленарната сала. Но, попушти и спикерот Цафери. Сепак, пакетот закони иако по скратена постапка, одат на комисиска расправа. Алијансата и Алтернатива гневни поради неприфаќањето на нивниот Закон за државјанство, најавија блокада со поднесување неколку илјади амандмани, кои ќе треба да бидат преведени.
По три дена расправа, Комисијата ќе престане со работа бидејќи законите се носат по скратена постапка, по што Собранието ќе ги изгласа на пленарна седница.
Миле Ристески
