Кандидатите за претседател ќе бидат обезбедувани најмалку од три лица

19.03.2014 16:29

Еден ќе биде за контрадиверзиона заштита, еден претходница и еден лично обезбедување...

Шестата управа на МВР ги финализира подготовките во пресрет на претседателските избори. Четворицата кандидати за претседател на државата ќе имаат обезбедување  составено најмалку од тројца. Еден ќе биде за контрадиверзиона заштита, еден претходница и еден лично обезбедување.

Барање  до МВР за обезбедување веќе испратил кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски. Другите двајца телефонски се информирале за процедурата . Се очекува до понеделник да го формализираат барањето.  Актуелниот претседател Иванов, веќе има обезбедување од МВР, кое доаѓа од функцијата која ја извршува.

„Нашите очекувања се дека ќе нема потреба од вонредни обезбедувања или дополнителни ангажмани. Во рамките на вообичаеното редовно работење ќе можеме да одговориме на сите задачи кои стојат пред нас во кампањата за пртеседателските избори ,а  согласно роковникот објавен од ДИК , во моментот кога ќе почнат и парламентарните избори , ќе се прилагодиме и на ново настанатата ситиуација“, вели Јанкулоска.

Тимовите ќе имаат дирекна комуникација и соработка со сите полициски станици каде ќе се одвиваат промотивните активности на претседателските кандидати. Доколку  некоја од партиите се одлучи на приватно обезбедување ,тие  ќе треба да комуницираат со МВР во насока на поделба на информациите за случувањата и локацијата на одржување одредени настани . МВР за тоа контактирало и со агенциите за приватно обезбедување.

 

Наташа Гркова-Петрушевска