Свет

Продолжуваат напорите за отстранување на заглавениот брод во Суецки канал

25.03.2021 15:58

Пловилото изгубило контрола поради силен ветер и песочна бура. Компаниите кои работат на отстранување на проблемот велат дека веројатно ќе бидат потребни неколку недели …

Продолжуваат напорите за отстранување на бродот со контејнери кој го блокира Суецкиот канал.

Пловилото изгубило контрола поради силен ветер и песочна бура. Компаниите кои работат на отстранување на проблемот велат дека веројатно ќе бидат потребни неколку недели.

Околу 12 проценти од вкупната светска трговија со стока се одвива преку Суецкиот канал.