Корупцијата и организираниот криминал во фокус на пратеничките прашања

25.03.2021 16:24

Опозицијата побара одговор од владините преставници, ќе има ли одговорност за поранешниот генерален секретар Рашковски за неколкуте случаи кои беа актуелни во јавноста, продажбата на Шик Јелак и последниов за набавката на софтверот за сообраќај.

Пратеничките прашања со фокус на корупција и организиран криминал. Опозицијата побара одговор од владините преставници, ќе има ли одговорност за поранешниот генерален секретар Рашковски за неколкуте случаи кои беа актуелни во јавноста, продажбата на Шик Јелак и последниов за набавката на софтверот за сообраќај.

За случајот Шик Јелак- Тетово, премиерот Заев рече дека парите од таа продажба се дадени во времето на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој случај е затворен. Софтверот е легално набавен и Рашковски бил должен да ја овозможи набавката. Но, сепак истрага ќе има- додаде Заев.

Вицепремиерот Николовски отфрли каква каква вмешаност на министерката Царовска во „Меѓународен сојуз“, за што беше спомената во судската судница.

Претседателот на Собранието, Џафери реагираше на прашањата кои се однесуваа на јавниот обвинител. Пратениците требале да достават барање 24 часа порано за да биде известен обвинителот да присуствува.

Откако службите проверија, спикерот, како што вети, се извини јавно за ненамерно направениот пропуст.

 

Фиљана Кока