Филипче: На 28-ми март ќе пристигне првата пратка вакцини на „АстраЗенека“ преку Ковакс

25.03.2021 21:41

Министерот Филипче преку својот Фејсбук профил, најави дека во недела на 28-ми март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „АстраЗенека“ преку Ковакс системот...

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва, преку својот Фејсбук профил, најави дека во недела на 28-ми март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „АстраЗенека“ преку Ковакс системот.

Оваа недела на 28-ми март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави министерот Филипче.