Средба Заев- Мицкоски во понеделник
25.03.2021 22:05
Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници- соопшти премиерот Заев...

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил информира дека договорена е средба со опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски.
„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, напиша Заев на Фејсбук.
Претходно Мицкоски во гостување на национална телевизија побара тет-а-тет средба со премиерот, каде би се постигнал консензус на сите прашања.
