Здравство

Комисијата за заразни болести ја проценува епидемиолошката состојба

26.03.2021 10:28

Првата пратка од 24 илјади дози од вакцините на „АстраЗенека“ од Ковакс механизмот пристигнуваат на 28-ми март, објави на Фејсбук министерот за здравство Филипче. Со ова, според најавите во почетокот на април треба да почне масовната вакцинација на населението.

Комисијата за заразни болести повторно ја проценува епидемиолошката состојба. Не се исклучуваат и порестриктивни мерки. Засега има само полициски час од 22 до 5 часот изутрина.

Првата пратка од 24 илјади дози од вакцините на „АстраЗенека“ од Ковакс механизмот пристигнуваат на 28-ми март, објави на Фејсбук министерот за здравство Филипче. Со ова, според најавите во почетокот на април треба да почне масовната вакцинација на населението.

Досега во Македонија се вакцинираа само медицинските лица со 8.000 дози на „Фајзер“ добиени како донација од Србија и 3.000 дози од руската вакцина „Спутник“. Земјава сѐ уште чека компанијата „Фајзер“ да го потпише договорот за продажба на вакцини.

Во последните 24 часа повторно двоцифрен број на починати од последици на Ковид-19. Дури 29 лица ја изгубиле битката со вирусот, на возраст од 38 до 86 години. Осум пациенти од Скопје, по тројца од Охрид и Струмица, по двајца од Куманово, Струга, Велес и Крушево и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. 28-мина се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Од направени 3.897 тестирања, регистрирани се 1.264 нови случаи. Како оздравени се водат 722 пациенти. Во ковид-центрите низ државата се хоспитализирани вкупно 1.448 пациенти. Бројот на активни случаи е нешто над 16.500.