МВР
Три лица уапсени во Гостивар, пронајдена марихуана
26.03.2021 11:03
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци...

Синоќа околу 21.15 часот на ул.„Беличица“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Н.(23), А.М.(22) и А.Х.(21), затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
