САД

Блинкен: Со Русија се согласуваме за некои прашања

26.03.2021 13:57

Блинкен рече тоа нема да ја спречи Америка, заедно со сојузниците, да им спротивстават на „агресивните потези“ на Русија...

САД препознаваат многу области во кои имаат заеднички цели со Русија и во кои можат да соработуваат, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Сепак, рече дека тоа нема да ја спречи Америка, заедно со сојузниците, да им спротивстават на „агресивните потези“ на Русија.

Како една од заедничките цели го истакна прашањето за стратешка стабилност, како што е контролата на оружјето, а истакна и дека американскиот претседател Бајден смета дека изградбата на северен поток 2 е лоша идеја за Европа.