Суецки канал
Бродот ќе се одглавува со недели
26.03.2021 14:00
Гигантскиот брод кој е во служба на тајванска компанија и кој плови под панамско знаме дијагонално се заглави и го блокираше проодот низ каналот...

Компанијата која се нафати да го одглавува товарниот брод кој го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал соопшти дека за тоа ќе биде потребно многу време.
Гигантскиот брод кој е во служба на тајванска компанија и кој плови под панамско знаме дијагонално се заглави и го блокираше проодот низ каналот.
По неуспешните обиди на египетските власти, беше ангажирана компанијата „Боскалис“, која сега работи на негово ослободување, и предупреди дека работата е крајно деликатна.
