Крим ќе се спои со Русија до 2015-та

19.03.2014 17:56

На Крим, се случи уште една воена акција од страна на единците на кримската самоодбрана, којшто ја зазедоа базата на украинската морнарица...

Во Москва уставниот суд пресуди дека припојувањето на полуостровот е во склад со рускиот устав. Западните земји поради анкесијата на Крим најавија дополнителни сакнции кон Русија а некои американски политичари  предупредуваат дека по ова можеби постои можност и некои други земји да се најдат во опасност од руската „агресија“.

Во Севастопољ, единиците за самоодбрана на полуострот првзедоа уште една акција завземајки го последниот украински воен објект-базата на украинската морнарица. Агенциите известија дека од снајперисти, животот го загубиле еден кримски и еден украински војник. Украинската власт одлучи дека војската ке остане на Крим и дека во земјата продолжува мобилизацијата.

„За каков легален чин се работи, кога една странска војска влегува во туѓа територија, и директно го руши инетегритетот“, изјави Арсениј Јаценјук, премиер на Украина.

Во меѓувреме во Москва уставниот суд предупреди: Договорот за припојување на Република Крим и градот Севастопол во федерацијата е во склад со рускиот устав, и дека до 1 јануари 2015 година треба да заврши интеграцијата .

Кримските случувања го поделија истокот и западот.

По санкциите што Вашингтон и Брисел ги воведоа кон Москва, се продлабочува јазот меѓу Русија и меѓународната заедница. Европрестедателот Ромпуј ја откажа посетата на Москва, а американците најавија нови санкции, повикувајки ги инвенститорите да не ги купуваат руските акции.

„Јас да сум на ваше место, не би вложувал сега во руските акции. САД поготвуваат нови санкции за Руската анексија на дел од украинска територија“, изјави Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.

Според добрите познавачи на сотојбите на случувањата  на истокот од Европа го вратија периодот од Студената војна. Русија е одлучна да го брани она што го смета за свој витален  интерес додека САД ја брани својата позиција како „велесила“. Но каков и да биде крајот, овој судир ке најави нова стратгеија на односот на силите на меѓународната политичка сцена.

 

Мирјана Василева