Алабама
Жртви и материјална штета во повеќе торнада
26.03.2021 14:08
Десетици се повредени, а многумина останаа без покрив над главата. Торнадо оштети згради и куќи и турна дрвја. Спасувачките екипи се на терен во потрага по евентуални жртви...

Американската сојузна држава Алабама беше погодена од неколку моќни торнада, во кои има повеќе загинати.
Десетици се повредени, а многумина останаа без покрив над главата. Торнадо оштети згради и куќи и турна дрвја. Спасувачките екипи се на терен во потрага по евентуални жртви.
Националниот Хидрометеоролошки институт издаде предупредувања за торнадо за поголем дел од северниот регион на американската сојузна држава.
