Акција планина

Наркобосовите во бегство

26.03.2021 14:33

Пробиена акцијата „Планина“ за сузбивање на трговија со дрога во Грчец. Обвинителката Рускоска тврди дека има доволно докази за кривичното дело. Неколкумина се уапсени, за некои куќен притвор. Наркобосовите се во бегство. Запленети биле 5 килограми марихуана и околу 700 грама кокаин...

Истрагата за акцијата „Планина“ била пробиена, уапсени се дилерите, нарко-босовите во бегство. Ова го изјави обвинителката Вилма Рускоска која потврди дека докази се обезбедени а ќе се истражува евентуална вмешаност и на службеници од МВР. Цела година тим истражители и двајца обвинители барале докази посебно за секој член на групите –  едната од село Грчец, а другата од Гази Баба. Засега нема доказ дека работеле заедно.

Доказите се обезбедени преку следење на членови на групите. Продажбите на дрога се документирани, а се запленети 5 килограми марихуана, околу 700 грама кокаин, автомобили и пари.

На 26 локации во Грчец бил извршен претрес, приведени се 13 лица од кои тројца завршиле во домашен притвор, а деветмина во затворски. За еден осомничен има мерка за претпазливост. Петмина се во бегство. Во Гази Баба по претресот на 9 локации, на осуммина им е одреден притвор и едно лице е во бегство.

 

Анита Димитријевска Велковска