Попис 2021

Симовски: Пописот ќе се спроведе, нема одложување

26.03.2021 14:34

Нема одложување на пописот. Заводот за статистика подготвен за операцијата на терен, која стартува за пет дена. Директорот Симовски дециден- повикот за бојкот е кривично дело. Во дијаспората се самопопишале 148.719 македонски државјани...

Пописот ќе се спроведе и сите шпекулации околу неговото можно одложување се дезинформации, тврди директорот на Државниот завод за статистика Симовски. Остануваат уште пет дена до почетокот. Негативната кампања која е сѐ поприустна, вели не ѝ носи добро на државата. Првиот човек на статистика повтори- апелите за бојкот се кривично дело.

Секаде кадешто ќе биде можно пописот ќе се врши на отворено. Симовски посочува дека ќе се почитуваат сите здравствени протоколи, некаде попишувачите ќе носат и скафандери при попишувањето. Дециден е дека невозможно е попишувачите да се тестираат секој ден, а малку е веројатно дека ќе бидат вакцинирани.

Според најновите податоци досега во дијаспората се самопопишале над 148 илјади македонски државјани. Во четврток почнува статистичката операцијата. Ќе трае до 21-ви април, а ќе го спроведуваат над 5.000 попишувачи и 500 инструктори во 50 реони.

 

Дијана Ценевска