ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност од Спасовски за пробиената акција

26.03.2021 14:51

Според ВМРО-ДПМНЕ, одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните наркобосови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво...

Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека во акцијата „Планина“ всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните наркобосови, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според партијата, одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните наркобосови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво. Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата, а во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска која денеска ретерираше и ја соопшти вистината“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.