Политика

Многу теми за разговор на средбата Заев- Мицкоски

26.03.2021 14:51

В понеделник, лидерска средба Заев-Мицкоски. На маса пописот, блокираните закони и изборниот законик. Премиерот од Делчево вети приоритет за вакцинирање на попишувачите, но побара од Мицкоски да даде поддршка за пописот. Смета дека доцнењето на вакцините имало предност, се докажало дека се безбедни...

Многу теми за разговор на тет-а-тет средбата Заев- Мицкоски. На маса пописот, блокираните закони и измените во Изборниот законик. Заев вети приоритет за вакцинирање на попишувачите, но, побара од Мицкоски поддршка за пописот. Ја повика и Левица да се откаже од бојкот.

ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот најрано за септември и итна седница за измени на законот. Од партијата сметаат дека нема услови за безбеден и релевантен попис. Велат- здравјето на луѓето е на прво место.

Разумот е решение на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ да се издигне над партиските ставови и да работи во интерес на граѓаните, став на СДСМ. Социјалдемократите сметаат дека во Собранието функционира неформална коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците- Алтернатива и Левица.

Во Собранието падна договор за пакетот економски мерки. Од Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија 3.000 амандмани, незадоволни бидејќи нема поддршка за нивниот Предлог-закон за државјанство. Расправата на Комисијата за финансирање и буџет може да трае најмногу три дена. Се очекува законите за помош на стопанството и граѓаните да се усвојат кон крајот на идната недела.

Наташа Гркова- Петрушевска