Привршува откупот на вишокот тутун- што понатаму?
Привршува рокот за откуп на вишокот тутун во земјава, кој се продолжи до крајот на месецов. Ќе се купат сите количества, но има реакции на процената. Паралелно се склучуваат договори за новата реколта со исти цени и намалени количества. Извесно е дека е ограничена на 21.000 тони. Сите тутунари ќе бараат одговор- министерството да реши што ќе работат земјоделците кои нема да садат тутун...

Тутунарите сакаат да ја остават зад себе една од најтешките и најпроблематични откупни кампањи. Но, прво до крајот на месецов да се преземе вишокот тутун проценет на 1.500 тони.
Прилепскиот комбинат од 700 тони презел 60 насто, а купуваат уште пет фирми. Реакциите се на процената.
Што понатаму? Извесно е дека новата реколта се ограничува на 21.000 тони. И новите здурженија и Сојузот бараат дебата и државата да го задолжи Министерството за земјоделство да реши - што ќе посадат оние кои нема да бидат тутунари. Може и реонизација.
Тутунарите сакаат да имаат извесно и доходовно производството, а не проблеми со откупот.
Елизабета Митреска
