Добрососедство

Над 4.000 македонски државјани во Србија по вакцина

27.03.2021 18:26

Не се бира начин како да се дојде до вакцина. Откако се отворија границите во соседна Србија, над 4.000 македонски државјани заминаа за Белград и за Ниш да се имунизираат со Атра Зенека. Меѓу нив и многумина стопанственици...

Можеби километарска колона, како што можете самите да видите, на Белградскиот саем, каде околу 5000 жители од целиот регион, од кои по моја слободна проценка околу 2.500 македонски државјани чекаат во ред за да ја примат бесплатно вакцината на АстраЗенека.

Колони автомобили со македонски регистарски таблички се упатуваа денес на Белградскиот саем, во хала 3, каде се одвиваше вакцинацијата за странските државјани. Во двата реда во кои од рано сабајле се чекаше со часови, жители на БиХ, Црна Гора, Албанија и најмногу македонски државјани, трпеливо со пасошите во рака чекаа да дојдат на ред бесплатно да се вакцинираат, со 5.000 дози на АстраЗенека, колку што денес беше предвидено од српските власти за вакцинација на странските државјани.

Македонските државјани од речиси сите градови, изјавија дека аплицирале на српскиот владин портал за вакцинација, е-Управа и дека добиле е-маил со покана денес да дојдат на Белградскиот саем да се вакцинираат со вакцините на АстраЗенека.

„Се пријавивме пред месец дена преку е-управа како странски државјани и во петокот добивме маил да се вакцинираме денес. Има многу луѓе од целиот регион и само ние видовме 15 наши пријатели Македонци, кои како и ние чекаат да се вакцинираат. Моравме да го чекаат полицијскиот час во 5 часот, за да тргнеме за Белград и имаше големи колони на граничниот премин Табановце.“

„Бидејќи кај нас неможевме, се одлучивме во Србија да аплицираме и еве чекаме да се вакцинираме.“

„Аплицирав уште пред еден месец да се вакцинирам во Србија, за други вакцини, но откако ја добив поканата за АстраЗенека се решив со неа во Србија да се вакцинирам.“

„Редот беше поприлично голем, но важно полека се движи, еве дојдовме до пола за еден час и половина, се надевам за два до три часа да стигнеме да се вакцинираме“- велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Покрај граќаните кои аплицирале за вакцинација, имаше и повеќе наши државјани кои се обидуваа без покана да влезат во Халата 3 на Саемот, кои српските власти ги ставаа во посебна колона на процедура на чекање. 

За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку елктронската адреса.

Денес, преку Стопанската комора на Србија, во соработка со српската влада беа обезбедени и 10.000 дози на вакцини на АстраЗенека за стопанствениците од Северна Македонија, БиХ, Албанија и Црна Гора.

Македонски стопанственици, околу 1.700, денес и утре се вакцинраат во халата Чаир во Ниш.

„Ова е еден гест на срската влада и на претседателот Александар Вучиќ, стопанствениците од регионот да се вакцинираат и што побргу да се вратиме во нормален живот, повторно да работиме, да создаваме нови работни места“, изјави Марко Чадеж претседател на Стопанската комора на Србија.

Воглавно сѐ се одвива во совршен ред, малку поголеми турканици има на самиот влез, луѓето се нетрпливи поради чекањето со часови. И утре на Белградскиот саем се очекува голем број на жители од Северна Македонија и од регионот да се вакцинираат.

 

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ