Портрет „Зафир Хаџиманов, бев и сум“ денеска од 18:10 на МРТ1

28.03.2021 13:44

Во чест и сеќавање на македонскиот музички бард, Зафир Хаџиманов гледајте го портретот „Зафир Хаџиманов, бев и сум“, денеска во 18 часот и 10 минути на МРТ1...

Македонскиот музички бард, актер и композитор, Зафир Хаџиманов, ја загуби битката со коронавирусот. Почина во Белград на 78-годишна возраст, за што јавуваат речиси сите медиуми од регионот.

Хаџиманов е роден во 1943 во Кавадарци, завршил Факултет за драмски во српската престолнина во 1967-та, а потоа освојуваше награди на музичките фестивали низ поранешна Југославија, на фестивалот во Опатија победуваше со повеќе нумери, меѓу која беше и најпозната „Беше мај“.

Снимаше и во шоу програми, а глумеше и во повеќе филмови, еден од нив беше „Македонска крвава свадба“. Настапуваше и на театарските сцени, една од нив беше и Бостон форум театарот.

Во чест и сеќавање на македонскиот музички бард гледајте го портретот „Зафир Хаџиманов, бев и сум“, денеска во 18 часот и 10 минути на МРТ1.