Лидерска средба Заев- Мицкоски
Денеска во Клубот на пратеници, лидерска средба Заев- Мицкоски. На маса пописот, блокираните закони и Изборниот законик...

Многу теми за разговор на денешната тет-а-тет средба Заев- Мицкоски. На маса пописот, блокираните закони и измените во Изборниот законик.
Заев во петокот изјави дека верува оти по средбата со Мицкоски ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик и воведувањето на отисок на прстот на следните избори, а најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите.
Премиерот најави дека со Мицкоски ќе разговара и за повиците за бојкотирање на пописот и неотворање врата на попишувачите, иако, како што рече, тоа се само поединци.
ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот, најрано за септември и итна седница за измени на законот. Од партијата сметаат дека нема услови за безбеден и релевантен попис. Велат- здравјето на луѓето е на прво место.
