Попис 2021

Самопопишувањето продолжува, 11.101 нови попишани за еден ден

29.03.2021 09:54

Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји- во Џибути има тројца македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу четворица, во Свалбард и Јан Мајен четворица...

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на Република С Македонија кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес,  на 1-ви март, до денес, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји- во Џибути има тројца македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу четворица, во Свалбард и Јан Мајен четворица, во Северни Маријански Острови- 11 итн.

Пописот на населението и домаќинствата во земјава почнува на 1-ви и ќе трае до 21-ви април.