МЗ: Вакцинираните граѓани да бидат исклучително внимателни, треба да помине време за имунитет

29.03.2021 10:10

По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена...

Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат треба да бидат исклучително внимателни, велат од Министерството за здравство.

Еве неколку  важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет:

- По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена.

- Најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.

- Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.