Ослободен товарниот брод кој го блокираше Суецкиот Канал
Бродот кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот.
Товарниот брод што го блокираше Суецкиот канал претходно оваа недела, беше ослободен од спасувачките екипи денеска. Тоа го објави на Твитер провајдерот за поморски услуги „Inchcape Shipping“.
Останува засега нејасно кога Суецкиот канал ќе биде отворен за сообраќај.
Бродот кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот.
Големиот товарен брод со должина од 400 метри и широчина 59 метри, по ненадејниот налет на песочен ветер кој го наруши неговиот курс, се насука дијагонално во Каналот, на место широко помалку од 300 метри.
Најмалку 369 пловни објекти чекаат транзит низ Каналот, вклучително и десетици бродови за превоз на контејнери, танкери за нафта и бродови кои носат течен природен гас и течен нафтен гас.
Штетата која е причинета со блокирањето на бродот се проценува на милијарди долари.
