Канцеларијата за врски на НАТО успешно ја заврши својата мисија

29.03.2021 10:52

Една година по полноправното членство на земјава во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата.

Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја завршува својата мисија со успех. Една година по полноправното членство на земјава во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата.

На патот на Северна Македонија кон НАТО, две децении, тимовите на НАТО канцеларијата даваа исклучителна поддршка на македонските институции за остварување на стратешката цел. Со своите совети и интензивната соработка помагаа да ги подредиме приоритетите на реформите за членство во НАТО.

Затворањето на канцеларијата на НАТО означува крај на една соработка која завршува со комплетен успех.