786 санкции за брзо возење на територија на цела држава
85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 24 возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 786 возила. Од нив, 85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 24 возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
