Германија

Меркел побара покраините да ги засилат напорите поради сѐ поголемиот број инфекции

29.03.2021 11:42

Канцеларката и покраинските лидери на почетокот на март се согласија да го запрат постепеното повторно отворање на економијата штом бројот на инфекции на 100.000 луѓе во текот на седум дена е поголем од 100.

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од германските сојузни покраини да ги засилат напорите поради се поголемиот број инфекции со коронавирус и ја најави можноста за воведување полициски час за да се обиде да биде под контрола третиот бран.

„Треба да направиме повеќе. Имаме можности за ограничувања при излегување, дополнителни ограничувања за контакт, дополнително носење маска … плус стратегии за тестирање на сите места: во училиштата двапати неделно, и преку економијата“, рече Мркел.

Канцеларката и покраинските лидери на почетокот на март се согласија да го запрат постепеното повторно отворање на економијата штом бројот на инфекции на 100.000 луѓе во текот на седум дена е поголем од 100.

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 17.176 на 2.772.401.