Македонската БИБЛ пресметка за Кожув
Екипата на Кожув го совлада Куманово со 104:86 во 17 коло од БИБЛ кошаркарската лига, што беше нивен последен натпревар сезонава пред своите гледачи. Со тоа Гевгечилани ја прекинаа серијата од девет порази едноподруго а Куманово го претрпе 8 пораз по ред, во меч кој мораше да го добие за пласман во првите 6 на табелата. Во динамичен и отворен натпревар во кој двете екипи наметнаа брза игра, првото полувреме беше израмнето, во кое домаќините го контролираа резултатот.

Екипата на Кожув го совлада Куманово со 104:86 во 17 коло од БИБЛ кошаркарската лига, што беше нивен последен натпревар сезонава пред своите гледачи. Со тоа Гевгечилани ја прекинаа серијата од девет порази едноподруго а Куманово го претрпе 8 пораз по ред, во меч кој мораше да го добие за пласман во првите 6 на табелата. Во динамичен и отворен натпревар во кој двете екипи наметнаа брза игра, првото полувреме беше израмнето, во кое домаќините го контролираа резултатот. Првите 10 минути ги добија со 26:21 благодарение на прецизните обиди од дистанца, при што постигнаа 5 тројки од 7 обиди при што се истакна Чупковиќ. Во вториот период повеќе успеваа од внатрешните позиции, предводени од Гоцевски со 11 поени беше најефикасен во првото полувреме кај Гевгеличани што во последните две минути дојдоа до највисоката предност од 44:35 која Кумановци ја намалија на 46:41 Гоцевски одигра одлично со 11 поени а кај гостите најдобар Луковиќ 15 поени
Третиот период почна поагресивно до 50 50 а потоа на паркетот доминираше екипата на Кожув. Фактор изненадување беше американецот Нил со 10 поени, проработе шутот за три поени што резултира со серија 18:3 и највисоки 19 разлика со кои се комплетира третиот период, кој придонесе за водство од 76:57. Слично почна и последниот, во кој Кожув дојде и до 21 поен предност, по што го доведоа натпреварот во извесна завршница. Гостите се обидуваа но премногу солираа и во перидот со многу прекини, лични и технички грешки исклучен беше Луковиќ, дотогаш најдобриот кај Куманово. Конеччниот резултат 104:86 за првпат Кожув со троцифрен број поени сезонава во балканската лига.
Најефикасен во победата беше Пековиќ со 20 поени, Чупковиќ постигна 17 а Гоцевски 16, а домашните постигнаа 11 тројки од 20 обиди. Кај Куманово Мандиќ во финишот дојде до 27 поени, Луковиќ остана на 17, а во низата слабости меѓуглавните беа 13 промашени слободни фрлања од 30 обиди.
