Политика

Почна лидерската средба Заев- Мицкоски

29.03.2021 13:36

Во Клубот на пратеници почна тет-а-тет средбата Заев- Мицкоски. Според најавите, се очекува на маса да се најдат отворените прашања за блокираното Собрание, изборниот законик, пописот, кризата со пандемијата...

Во Клубот на пратеници почна тет-а-тет средбата Заев- Мицкоски. Според најавите, се очекува на маса да се најдат отворените прашања за блокираното Собрание, изборниот законик, пописот, кризата со пандемијата.

Заев, пред средбата изрази очекување дека ќе најдат заеднички решенија за непречено спроведување на пописот. Нагласи дека останува отворен да разговараат и за прашања поврзани со работата на Собранието, со цел да се отстранат сите блокади и да се обезбеди непречена работа во корист на народот, како и за темите поврзани со локалните избори наесен.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на средбата брифираат дека на маса ќе се стават најжешките прашања –  прашањето за влада, темата со пописот, како и дијалог за законите кои ќе значат вистински бенефит за граѓаните.

Додаваат дека граѓаните од политичарите очекуваат одговорност и превземање на крупни чекори и нагласуваат дека на лидерската ВМРО-ДПМНЕ оди со искрени намери и желба да понуди решенија на граѓаните.