Левица: Лидерската средба ќе биде од корист ако се договори македонска национална платформа
Ја истакнуваме суштинската потреба од носење на ваква стратегиска македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ од лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии – на внатрешен и на надворешен план, велат од Левица.

Парламентарната партија Левица се огласи за лидерската. Велат таа ќе биде од корист единствено ако се договори македонска национална платформа.
Ја истакнуваме суштинската потреба од носење на ваква стратегиска македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ од лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии – на внатрешен и на надворешен план, велат од Левица.
Според нив, платформата треба да содржи пет точки- гаранција за унитарноста, потврда за секуларноста, неповредливост на територијалниот интегритет, почит кон државните симболи, мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања.
