Политика

Бектеши: Албанските опозициски партии ги блокираат законите од петтиот сет мерки

29.03.2021 14:23

Ова следува откако беше одложен состанокот првично договорен меѓу интегративците и опозиционерите, а на кој требало да се разговара меѓу останатите и на оваа тема, вели Бектеши. Министерот апелираше до нив да најдат сила да ги изгласаат законските решенија или доколку сакаат да ги подобрат.

Опозициските партии од македонскиот блок веќе ги поддржаа законите од петтиот сет економски мерки, но сега се чини опозициските на Албанците како да имаат цел да го блокираат повторно процесот, смета министерот за економија, Бектеши.

Ова следува откако беше одложен состанокот првично договорен меѓу интегративците и опозиционерите, а на кој требало да се разговара меѓу останатите и на оваа тема, вели Бектеши. Министерот апелираше до нив да најдат сила да ги изгласаат законските решенија или доколку сакаат да ги подобрат.  

Веднаш по постигнатиот компромис за четирите закони од петтиот пакет антикризни мерки, за помош на граѓаните и фирмите, Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа илјадници амандмани за да ги блокираат на комисиската расправа.

Опозициските парти на Албанците образложуваат дека на ваков чекор се решиле поради Законот за државјанство за кој сметаат дека е исто толку значаен за одредена категорија граѓани.

Фиљана Кока