Прашањето за последиците од климатските промени да биде дел од политиките во сите сектори
Како да ги ублажиме последиците од климатските промени и колку е важно тие да бидат дел од политиките на сите сектори во земјава- во фоксуот на националната конференција. Промовирана и еколошката алатка „Екомапа.мк“...

Граѓаните да се вклучат ефективно и суштински во процесите на донесување одлуки кога станува збор за климатските промени, повикаа од невладината „Еко свест“. Оттаму велат дека годинава е клучна за многу закони и документи кои ќе го постават патоказот на државата во справување со климатските проблеми и трансформацијата на нашето општество кон зелено и климатски одржливо.
Човечките активности се главните причини за климатските промени и тоа значи дека првенствено секој од нас треба да ги преиспита своите дејствувања.
Мора да се подигнат и свеста и мобилизацијата на граѓаните, велат екологистите. Преку еко- мапа може да се пријавуваат проблеми, со што се поттинува интерактивна комуникација со институциите.
Ана Јосифоска- Тодоровска
