Докиќ: Во нашите болници има место за сите пациенти
Со компликации од ковид се хоспитализирани 1.537 болни. Здравствените власти тврдат-има слободни кревети за прием на нови пациенти. Смртноста во ковид-центрите на интерните клиники е 25 насто и во рамките на светскиот просек, вели доктор Докиќ…

Огромен број на пациенти со ковид дијагноза бараат болничка заштита. Надлежните тврдат дека нема простор за паника, бидејќи има доволно места и доволен кадар. Во моментов во болниците низ Македонија се лекуваат 1.537 лица, а има уште 300 слободни кревети. Само во изминатото деноноќие во Скопје се хоспитализирани 50 лица.
Пациентите ги лекуваме согласно протоколите преземени од западно-европските земји и Соединетите Американски Држави, смртноста кај нас е во рамките на просекот кај високо развиените земји, вели координаторот на ковид-центрите, доктор Дејан Доќиќ. Според него, земјава добро се справува со кризата.
Доктор Докиќ со апел родителите да не се плашат да ги пуштаат децата во градинките. И од Министерството за здравство велат дека во градинките и во училиштата нема значајно зголемување на бројките што би било причина за менување на режимот на работа.
За во вторник е закажан нов состанок на Комисијата за заразни болести.
Марија Котовска
