До 30-ти април завршува огласот за специјализирани продавници за вино
До еден милион денари ќе добијат фирмите заинтересирани за отворање на продавници само за вино. Вакви специјализирани објекти треба да се отвотат во Скопје и 8 други продавници во Македонија...
До 30 април годинава завршува огласот за пријавувањето на типизирани вински продавници во Скопје, Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево.
Владата субвенционира до 50 проценти од трошоците за опремата продавницата или до еден милион денари, и половина од пет годишната закупнина за просторот, но не повеќе од 30.000 денари месечно.За нив ќе има издвоено и плати просечни плати за двајца вработени за 5 години.
Сите продавници треба да се од 30 до 100 метри квадратни и да имаат еднаков изглед.
Намерата е зголемена промоцијата и туристичка понуда на виното од 81 регистрирана винарија во Македонија.
Методија Трајков
