Регион

Вучиќ: Бараме начин дополнително да им помогнеме на Северна Македонија и на Црна Гора

29.03.2021 16:05

Се бараат начини како дополнително да им помогне на Северна Македонија и Црна Гора во вакцинирањето на населението, изјави претседателот на Србија, Вучиќ. Премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од Србија во регионот е испратена најдобра слика за солидарност со вакцинирањето на граѓаните на другите земји...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е во секојдневен контакт и дека Србија наоѓа начини како дополнително да им помогне на Северна Македонија и Црна Гора во вакцинирањето на населението.

„За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората, ќе се заштититат од тешки последици и смрт во 99 отсто од случаите. Не можеме да бидеме успешни ако луѓето во регионот не се вакцинирани, не сме ние пуст остров“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од Србија во регионот е испратена најдобра слика за солидарност со вакцинирањето на граѓаните на другите земји, за поврзаност на регионот и дека сите ќе бидат повикани да се ревакцинараат со „АстраЗенека“.

„Во таа покана да дојдат немаше политика, ниту имаше политика во нивното доаѓање.Нас ни останаа 20- 25.000 од овие вакцини, кои моравме да ги уништиме и сакавме да ги повикаме луѓето од регионот да се вацинираме. Тоа беше најдобар начин да покажеме солидарност и да го прошириме колективниот имунитет во регионот“, рече Брнабиќ.

Во Србија, во Ниш и Белград за три дена, во четврток, сабота и недела, со вакцината „АстраЗенека“ имунизирани се повеќе од 22.000 странски државјани. Од нив преку Стопанската комора на Србија и Македонија вакцинирани се 2.000 Македонци, додека бројот на оние кои се вакцинраа преку владиниот портал е-управа и самоиницијативно е речиси двоен.

 

Оливер Бранковиќ, допсиник од Белград за МРТ