Заев и Мицкоски се договорија, пописот ќе се одложи
Пописот ќе се презакаже за во септември или првата половина од октомври, додека пак локалните избори да бидат во втората половина во октомври- епилог од лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски. Се договориле и за измени во Изборниот законик...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес- конференција по средбата со премиерот Заев истакна дека е договорено пописот да се одложи. Пописот ќе се презакаже за во септември или првата половина од октомври, додека пак локалните избори да бидат во втората половина во октомври. Нагласи, дека дијаспората ќе продолќи да се попишува преку апликацијата на Државниот завод за статистика.
Попишувачите во наредниот период ќе се вакцинираат, по што пописот наместо според предвиденото на 1-ви април се одложува за септември или првата половина на октомври, рече Мицкоски нагласувајќи дека тоа е за заштита на населението во екот на пандемијата.
Заев и Мицкоски се договориле и за измени во Изборниот законик, односно спроведувањето на изборите да се врши со идентификација преку отпечаток од прст на гласачите, за да се спречи семејно гласање и злоупотреби во изборниот процес.
