Канада: Луѓето под 55 години да не се вакцинираат со „АстраЗенека“
Потегот доаѓа како резултат на извештаите од Европа за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, крварење и во некои случаи смртни случаи по вакцинирањето, особено кај помладите жени.
Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација препорача вакцината на „АстраЗенека“ да се прекине и да не се дава на лица помлади од 55 години.
Побара нова анализа на ризикот од оваа вакцина заснован врз возраста и полот. Потегот доаѓа како резултат на извештаите од Европа за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, крварење и во некои случаи смртни случаи по вакцинирањето, особено кај помладите жени.
Експертите додаваат дека постарите лица се изложени на поголем ризик од хоспитализација и смрт поврзана со Ковид-19, а компликациите се чинат поретки кај оваа возрасна група, поради што се препорачува вакцината за нив доколку претходно добро се информирани и со нивна согласност.
