Македонија
Нов земјотрес во близина на Маврово
30.03.2021 10:13
Според досегашните податоци, овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево...

Утринава во 6 часот и 15 минути Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово- Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со магнитуда од 2,9 степени по Рихтер.
Според досегашните податоци, овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
