САД

Бајден: Носете маски, тоа е ваша должност

30.03.2021 10:21

Американскиот претседател рече дека војната против Ковид-19 е далеку од добиена и ги повика граѓаните да носат маски, бидејќи, како што рече, тоа е нивна обврска кон татковината...

Американскиот претседател Бајден ја поздрави динамиката на вакцинација во САД. Истовремено им порача на Американците да останат внимателни. Рече дека војната против Ковид-19 е далеку од добиена и ги повика граѓаните да носат маски, бидејќи, како што рече, тоа е нивна обврска кон татковината.

Меѓудругото, вети и дека до 19-ти април, 90 проценти од возрасните Американци ќе бидат на ред за вакцинација.