Кошарка

Харден го повтори рекордот на Бруклин

30.03.2021 10:57

Ѕвездата на Бруклин ноќеска во победата над Минесота (112:107) постигна 38 поени, 13 асистенции и 11 скока...

Џејмс Харден го постигна забележа својот 12-ти трипл-дабл за Бруклин нетс и со само 32 настапи за еден тим, го изедначи клупскиот рекорд во оваа статистичка категорија во една сезона.

Ѕвездата на Бруклин ноќеска во победата над Минесота (112:107) постигна 38 поени, 13 асистенции и 11 скока.

Харден го повтори рекордот на членот на „Куќата на славните“ Џејсон Кид, кој направи 12 трип-дабл во сезоните 2006/07 и 2007/08. Бруклин нетс со биланс 32 победи и 15 порази се наоѓаат на втората позиција во поредокот на Источната конференција во НБА-лигата.