Состанокот на Комисијата за заштита од заразни болести презакажан за утре
Денеска останува да заседава Советот за безбедност, кој го свика претседатлот Стево Пендаровски. Министерот за здравство Филипче ќе реферира за состојбата со Ковид-19, а ќе се разговара и за мерките и активностите на надлежните институции.

За утре е презакажан состанокот на Комисијата за заштита од заразни болести, која денеска требаше да одлучува дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот.
Денеска останува да заседава Советот за безбедност, кој го свика претседатлот Стево Пендаровски. Министерот за здравство Филипче ќе реферира за состојбата со Ковид-19, а ќе се разговара и за мерките и активностите на надлежните институции.
Оваа седмица надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на третиот бран на Ковид-19. Болниците се полнат, здравствените власти уверуваат дека слободни кревети има и дека ниту еден пациент нема да остане незгрижен.
Во ковид центрите низ државава од Ковид-19 се лекуваат околу 1.550 пациенти. Од почетокот на епидемијата починаа 3.716 лица. 18.000 се активни случаи.
