Пилоти или сметководители
Една трка, безброј критики. Не стивнуваат коментарите со незадоволство по стартот на новата сезона во Ф1.
Не само за тивките мотори,несвојствени за најбрзиот спорт, туку и многу други забелешки имаат познавачите и фановите на новата ера во формула 1.

„Резултатот е ужасен, присилувањето на возачите да возат побавно се коси со здравиот разум.Тоа е како во фудбалот да воведете правило Роналдо само 10 пати да има контакт со топката за целиот натпревар. Сега имаме возачи кои се однесуваат како сметководители“-вели Флавио Бриаторе и додава дека на гледачите не им е јасно зошто се штеди гориво, зошто се калкулира и не се напаѓа на патеката.
Се надоврза и големиот мотошампион Валентино Роси кој често беше линкуван со Ф1. „Очекував нешто ново, а сватив дека Ф1 станува досадна. Ова што се случува е натпревар за инжинерите на тимовите“изабележува Роси.