Како да ги научиме децата правилно да ги поставуваат целите во животот
Важно е една млада личност да почувствува дека има ефекти од тоа што го прави, да почувствува како е да се успее во нешто. Чувството на успешност ја крева самодовербата, ја зацврстува, и на тој начин се гради здрава личност која подоцна полесно ќе се избори за остварување на своите цели, колку и да се тешки.

Луѓето вообичаено не ги поставуваат правилно своите цели и немаат вистинска визија за она што го сакаат во животот, или се скромни во очекувањата и без доволно верба во себе и во животот.
Возрасните им даваат пример на децата со своето стихијно однесување. Како да му се помогне на детето да ги согледа и јасно да ги постави своите цели. Мора да се обрне внимание на неколку параметри кои се клучни за успех во исполнувањето на зацртаните цели.
Како да се постави и оствари целта?
Важно е една млада личност да почувствува дека има ефекти од тоа што го прави, да почувствува како е да се успее во нешто. Чувството на успешност ја крева самодовербата, ја зацврстува, и на тој начин се гради здрава личност која подоцна полесно ќе се избори за остварување на своите цели, колку и да се тешки.
Затоа е важно на вистински начин да се постави целта, со поддршка од родителите и правилно насочување, за подоцна да може самостојно да го прави тоа.
Позитивно поставена цел значи да биде според желбата на детето. Со оглед на тоа што детето не знае да ги ги обработува негациите за кои размислува, мора да ги исфрли и да ја преврти ситуацијата, да мисли позитивно. Еве како практично изгледа тоа: на пример детето не треба да мисли дека не сака да падне на поправен испит, туку да размислува за тоа како сака да ја поправи оценката. Тогаш целта е поправање на оценката, а не поправниот испит. Само треба да му се помогне на детето да размислува на правилен начин и со вежбање ќе му постане навика, па и целите ќе му бидат појасни и подофатни.
Со детално одработената цел со прецизни осмислени потези на детето ќе му се создаде кристално јасна слика. На пример, ако сака да има позитивни оцени од одредени предмети, мора за цел да има одредено кон што тежи, што ќе постигне или што ќе му биде достапно ако има добри оцени. Може и чекор по чекор за да дојде до повисоката или конечната цел. На пример дека ќе може да стане доктор, ако има таква амбиција, или дека ќе биде главен фраер во друштво. Тоа може да го визуализира зашто така мозокот ќе биде подготвен да ја искористи секоја прилика за да ја исполни зададената цел кој постои во главата како слика. Секако без труд и учење нема да дојде до тоа, ама ќе го поттикнува и потсетува дека тоа е можно.
Треба да се има доказ дека целта е остварена, да се знае што е показателот за тоа. Доказот ќе биде очигледен ако детето одредило точно како ќе изгледа постигнатата цел. Добро е да се служиме со прашањето: што ќе се случи ако го постигнеш тоа што го сакаш? Треба да се бара од детето детално да го опише тоа, за да го види или почувствува посакуваното како јасен доказ. При тоа да го согледа ефектот од постигнатото, односно како како тоа влијае на неговиот живот. Тогаш детето или младиот човек ќе знае точно дека успеал.
Доказот за остварената цел е битен, зашто чувството за успешност ќе биде круцијален за самодовербата.
Тогаш ќе се чувствува како победник, ќе ужива во остварувањето на својата цел, авие треба да го поттикнувате на тоа. Така ќе тежнее се почесто да го има тоа добро чувство кое со себе носи успех.
Од кого зависи остварувањето на целта?
На детето треба јасно да му се укаже дека тоа зависи само од него, да не бара оправдувања и изговори за пречките или неуспесите. Родителот или наставникот се тука само за поддршка, а не да одработуваат за него. Така ќе се научи на трудољубивост, издржливост, трпеливост, самодисциплина, кои понатаму во животот ќе му бидат многу значајни за сите предизвици. Ако поставува цели кои ќе се потпираат на туѓа помош, лесно може да се разочара зашто нема да има контрола над ситуацијата.
Вредноста на целта како перспектива е важна, зашто детето треба да се научи да гледа неколку чекори напред.
Некои цели не може да се остварат преку ноќ, па треба да им се посвети повеќе време и труд, да се разложат на повеќе фази и чекори. На пример за добри оценки се учи континуирано, а не кампањски, дека ќе има слободно долго лето ако не оди на поправен испит, дека ќе може да избира во кое училиште сака да се запише ако има добри оценки итн. Тогаш ќе може да разбере колку му е вредна целта и напорот што го вложува.
Многу е важно младите луѓе да се научат правилно да ги поставуваат и да ги остваруваат своите цели, затоа што така се креира нивниот карактер и личноста. Ќе научат дека конците се во нивни раце и дека нивниот живот најмногу зависи од нив самите.
Соња Стојановска
