Измените на Изборниот законик во Собрание, за локалните избори „отепчаток од прст“

30.03.2021 13:09

Иако во претходните одредби на Изборниот законик, има обврска за набавка на апарати за отпечаток од прст, тешко е да се операционализира, вели министерот за правда. До мај ќе биде појасно, кога ќе бидат набавени.

Измените на Изборниот законик се во Собрание, вели министерот за правда Маричиќ. Владата го подготвува и предлог-решението за измени во Законот за попис. Иако во претходните одредби на Изборниот законик, има обврска за набавка на апарати за отпечаток од прст, тешко е да се операционализира, вели министерот за правда. До мај ќе биде појасно, кога ќе бидат набавени.

„За спроведење на определбата за отпечаток на прст, ние во изминатиот период во рамки на работната група во Министерството за правда и во тесна соработка со Државната изборна комисија формулиравме конкретни измени, кои практично ги допрецизираат сите неопходно елементи за да може да се набави опремата за отпечаток на прст и таа да се стави во функција и притоа да имаме, детално образложена постапка како ќе се употребува на денот на гласањето, каков статус ќе има и во кои ситуации ќе може да биде заменета“, изјави министеротМаричиќ.

Постојат елементи, нагласи министерот, што ДИК во соработка со МВР ќе треба во понатамошна фаза да ги дефинира, како што е споредбата на отпечатоците на прстите со базата на податоци, која се наоѓа исклучиво во сопственост на МВР.