Граѓаните тешко препознаваат корупција, не пријавуваат поради страв од притисоци
Граѓаните тешко препознаваат корупција и судир на интереси во секојдневието, уште потешко пријавуваат поради страв од притисоци и реваншизам. Неопходни се информираност, враќање на довербата во системот дека може да ги заштити кога ќе пријават. Најмногу му верувата на народниот правобранител...

Долг е патот да се искоренат, да се санкционираат корупцијата и судирот на интереси. Граѓанинот секојдневно се среќава со онаа ситна корупција, да даде нешто за да заврши работа на шалтерите, во јавните институции.
Недовербата во институциите, неинформираноста и непрепознавањето прави граѓаните да не пријавуваат, или ако го сторат тоа да се повлечат, констатираат од прилепската невладина организација „Станица П.Е.Т.“, која спроведува проект за препознавање на копрупцијата и давање правна помош. Од 92 прилепчани што за осум месеци пријавиле, само една третина имаат преставки и не се знае исходот.
Информираноста да се препознаат корупцијата и судирот на интереси, транспарентност на јавните локални институции, посебно правната помош, се клучни во борбата со корупцијата за која државата донесе закон, има комисија и национална стратегија.
Од прилепската невладина ги охрабруваат граѓаните да пријават сомнеж за корупција или судир на интереси за оваа тешка појава да не биде искривено секојдневие.
Елизабета Митреска
