Политика

Измените на Изборниот законик во Собрание

30.03.2021 15:19

Измените на Изборниот законик во Собрание, локалните избори на 24-ти или 31-ви октомври. Иако во претходните одредби на Изборниот законик, има обврска за набавка на апарати за отпечаток од прст, тешко е да се операционализира, вели министерот за правда. До мај ќе биде појасно, кога ќе бидат набавени...

Измените  на Изборниот законик се во Собранието - вели министерот за правда Маричиќ. Допрецизирана била набавката на опремата за отпечаток за прст. Според него, до мај ќе биде појасно, кога ќе бидат набавени. Измени во Изборниот законик ќе има и по препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и по политичка дебата за изборниот модел и за локални и за парламентарните избории.

Според договорот Заев-Мицкоски се предвидува локалните избори да се одржат на 24-ти или 31-ви октомври.

Со процесот на деблокада на Собранието, останува усвојувањето на законските решенија кои досега беа заглавени во парламентот – порачаа од СДСМ.

Од СДСМ уверуваатдека преку работни групи ќе се разговара за можностите за една изборна единица, отворени листи, како и гласање на дијаспората надвор од Димпломатско- конзуларните претставништва.

Наташа Гркова- Петрушевска